Српската судијка Маријана Вељовиќ се појави пред неколку години на големите турнири, а многу луѓе брмчеа за нејзината убавина. Австралиските медиуми дури ја нарекоа „Српската Џенифер Лопез“, но многумина не ја препознаа на мечот меѓу Рафаел Надал и Мекензи Мекдоналд утринава.
Веќе се знаеше дека Маријана има направено неколку пластични операции и корекции на лицето, но кога утрово ја покажаа одблиску при дискусијата со Надал во првиот сет, многумина не ја препознаа.
Маријана очигледно претерала со корекциите, а луѓето на социјалните мрежи не престануваат да го коментираат нејзиниот изглед.
„Што правиш со себе“, „Дали Маријана Вељовиќ беше на столче за време на мечот на Надал? Ако е така, Боже мој, што му направи на своето некогаш убаво лице??“, „Ништо не беше во ред со неа порано, сега изгледа како да ја искасале пчели“, се само дел од коментарите.
Инаку, Маријана уште како мало девојче сакала да стане тенисерка и да игра на Вимблдон. Но, таа дојде кај него во друга улога. Таа поради немање финансиски средства не можела да игра тенис, а додека била студент на прва година на економија решила да се обиде да биде судија.
Таа денес е една од најдобрите и најпознатите тениски судии во светот.
Следете не, не има насекаде