Екипите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, во согласност со најавената временска прогноза за врнежи од дожд проследени со ветер, од утрово се на терен и работат на проверка и расчистување на сливниците, каналите и шахтите на главните и споредни улици, како и на критичните места: бул. „Киро Глигоров”, бул.„Александар Македонски”, подвозниците Павел Шатев (Бихаќка), Стоковна куќа Мост и Александар Палас, известуваат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.
– Дежурни екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје остануваат на терен за контрола на атмосферската канализација и создавање услови за нејзина непречена функционалност, велат од претпријатието.
Оттаму информираат дека увид во работните активости изврши и директорот на претпријатието Драган Илиевски.
The post Екипите на ЈП „Водовод и канализација” работат на проверка и расчистување на сливниците, шахтите и улиците appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде