септември 21, 2024

Познатиот пејач за прв пат сакал да стане татко откако ја сретнал својата сегашна девојка

Саша Ковачевиќ реши да ги оствари своите соништа поврзани со неговиот приватен живот. Откако ја пронајде жената со која планира да го помине останатиот дел од животот, тој сега за својата наредна цел постави заедно со неговата партнерка да се остварат во улога на родители.

Имено, неговата сакана, поранешната манекенка Зорана Тасовац, веќе има една ќерка Искра, од бракот со поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ. и бидејќи нејзината наследничка од самиот почеток живее со нив во нивното љубовно гнездо, музичарот веќе делумно и го остварил својот сон. Иако за сега официјално е само очув, тој кон наследничката на својата сакана се однесува одговорно и како вистински татко, а заедничките снимки настанати за време на нивните дружби пејачот често ги споделува на својот официјален профил на социјалните мрежи.
И доколку судиме од она што можеме да го видиме на овие фотографии, Ковачевиќ ќе биде татко за пример и на своите деца.

Имено тој и самиот пред неколку дена откри колку многу посакуваа да се оствари во улога на родител.
„Остварување во улога на татко дефинитивно е мојата новогодишна желба. Во годините сум кога за тоа дојде време“.

„Кај мажите некако секогаш има време за татковство, но јас би сакал баш сега тоа да се случи“, изјави Ковачевиќ кој изминатиот период помина во Атина каде работеше на своите нови песни, пишува „Стори.рс“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK