април 16, 2026

Драматична сцена попладнево во скопската населба Влае, каде што опожарено возило беше забележано на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“, во правец кон Ѓорче Петров.

Според фотографиите што пристигнаа до редакцијата, возилото целосно изгорело и е оставено на тротоарот, додека густ црн чад се издигал високо над местото на настанот, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени лица. Според првичните сознанија, огнот избувнал ненадејно, по што интервенирале надлежните служби.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK