Здравјето на срцето е клучно за целокупното функционирање на телото, но многу луѓе ги игнорираат првите знаци на проблем.
Раното препознавање на симптомите и посетата на лекар може да спречат сериозни компликации.
Некои од најчестите предупредувачки знаци се болка во градите, неправилен пулс, отежнато дишење, замор без причина, како и оток на нозете и стапалата.

Нарушувања како што е апнејата при спиење, исто така, можат да укажуваат на оптоварување на срцето. Овие симптоми не секогаш значат сериозна болест, но не треба да се игнорираат.
Експертите нагласуваат дека нездравите навики, како што се лошата исхрана и недостатокот на вежбање, се меѓу главните причини за срцеви проблеми. Затоа, важно е да се грижите за вашиот животен стил, да се движите редовно и да ги слушате сигналите што ги испраќа вашето тело.
Следете не, не има насекаде
