април 16, 2026

Позната по својот весел дух, но и по својот префинет вкус за мода и нејзините детали, Хајди Клум повторно привлече внимание на улиците на Њујорк. За дневната пригода, таа одлучи да го покаже својот чист сексапил, и избра црн фустан од романската дизајнерка Марија Луција Хохан.

Станува збор за асиметрична, креација на преклоп која ја следи линијата на телото и ја истакнува завидната фигура на Хајди. Исто така, е украсена со набори и едвај забележливи линии на долниот дел, што дополнително го нагласува нејзиниот заводлив изглед.

За да го комплетира стајлингот, таа додаде црни салонки, чанта и дискретни обетки. Ја пушти косата слободно да паѓа, и сето тоа со една намера – сакаше да постигне драматичен изглед што предизвикува восхит кај јавноста.

Ги поздрави фотографите, кои трпеливо го чекаа нејзиното појавување во јавноста, со блескава насмевка, а на крајот им испрати бакнеж.

Share

The post (Фото) Прекрасната Германка не ги криеше своите облини – гордо им ги покажа на фотографите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK