Карлик Џонс, кошаркарот на Партизан, го продолжи договорот со црно-белите, официјално потврди клубот.
Црно-белите се огласија на социјалните мрежи по поразот од Жалгирис во Евролигата (74:83) и открија дека одличниот плејмејкер потпишал нов договор со клубот.
По неколкумесечни преговори, Џонс се согласи да ја продолжи соработката до 2028 година. Се шпекулира дека за две години од клубот ќе добие пет милиони долари.
Оваа сезона во Евролигата, тој има просек од 15,6 поени и 4,5 асистенции.
Откако се приклучи на клубот, тој го крена трофејот од АБА лигата, минатата сезона.
Foto/ EPA
The post Карлик Џонс го продолжи договорот со Партизан appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
