април 17, 2026

Фудбалерите на Рома лесно ја победија Пиза (3:0) на отворањето на 32-то коло од Серија А.

Натпреварот го одбележа Холанѓанецот Доњел Мулен, кој постигна хет-трик.

Мален ја затресе мрежата на Адриан Шемпер во третата, 43-та и 52-та минута од натпреварот.

Пиза исто така имаше свои шанси, а најдобрата ја пропушти Малте Хојхолт, кога Миле Свилар ја покажа својата голманска класа.

„Волчицата“ останува шеста на табелата со 57 бода, додека Пиза е последна со 18 бода.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Хет-трик на Мален, Рома лесно се справи со Пиза appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK