Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен победувајќи против Енцо Куако, но на мечот имаше проблем со навивач кој дојде на трибините да го испровоцира.
Еден од четворицата навивачи, кој дојде облечен во црвено-бела униформа како Валдо од популарната британска крими серија, го провоцираше Ѓоковиќ и го вознемируваше во текот на целиот натпревар.
Навивачот, кој беше видно алкохолизиран, викаше на дуелот, а му пречеше и на Ѓоковиќ за време на сервисот, што е строго забрането во тенисот.
Ѓоковиќ трпеше до четвртиот сет, а потоа отиде кај судијата и побара да го исфрли навивачот од трибините.
„Дали се шегуваш? Ме провоцира цела вечер, а ти ништо… Тој е „мртов пијан“, провоцира од прв поен. Го слушнав 50 пати. Зошто не го исфрлиш од стадион “, му викна Ѓоковиќ на судијата.
После тоа, овој провокатор од трибините му испрати бакнежи на Ѓоковиќ. Иако главниот судија во тој момент не реагираше, четворицата навивачи не го видоа крајот на дуелот на трибините, туку беа исфрлени.