Пред советот на судот во Белгија продолжи судењето на поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каила, која беше обвинета за корупциски активности во кои бил вмешан и Катар.
Каили е во затвор од 9 декември, а нејзиниот адвокат Михалис Димитракопулос денеска изјави дека условите во кои се наоѓа се нехумани.
„Минатата недела три дена беше во самица. Три дена ја држеа со запалено светло, беше студено и не и дадоа ќебе. Не се чувствуваше добро и изгуби многу крв. Ова е тортура, како да сме во средниот век“, вели адвокатот.
Белгиското правосудство до крајот на денот ќе треба да одлучи дали ќе го продолжи притворот на Каила или ќе нареди алтернативни мерки.
„Никогаш нема да престанам да кажувам дека е невина. Ја држеле 16 часа во полициска ќелија, а не во затвор. Не смеела да спие. Имала менструација, а не смеела ниту да се мие“, рече тој.
Иако таа се соочува со обвиненија, нејзиниот адвокат рече дека секогаш постои презумпција на невиност.
„Ние сме во Европа. Ваквото однесување ја прекршува Европската конвенција за човекови права. Тоа што го прават е тортура и го одразува средниот век. Се надевам на правично судење“, заклучи адвокатот.
Следете не, не има насекаде