Илјадници навивачи од зори се собираа пред стадионот во Басра
Според неофицијални информации, најмалку две лица загинале, а десетици се повредени по стампедо што избило пред фудбалскиот стадион во Басра, Ирак.
Трагедијата се случила неколку часа пред финалето на Заливскиот куп меѓу Ирак и Оман, јави ирачката новинска агенција ИРА.
Илјадници навивачи без билети од зори се собираат пред стадионот во Басра, град во јужен Ирак, со надеж дека ќе го гледаат натпреварот.
На видеата се гледа дека има голема гужва и стампедо пред влезот на стадионот, во кое едно лице загина, а најмалку 60 се повредени, од кои неколку се во животна опасност, велат медицински извори.
Следете не, не има насекаде