април 16, 2026

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Слот направи двојна замена на полувремето, при резултат 0:0, а еден од играчите што влезе беше дефанзивецот Џо Гомез, кој го замени Џереми Фримпонг.

Сепак, по малку повеќе од 20 минути игра во второто полувреме, односно во 67-та минута, Слот одлучи да го извади Гомез од игра. Тој беше заменет од младиот напаѓач Рио Нгумоа.

Нема информации дека Гомез претрпел некаква повреда, ниту пак се чинеше дека е така кога го напушти теренот, што го прави овој потег на Слото многу необичен.

Само пет минути откако Гомез го напушти теренот, Ливерпул прими гол за 0:1, а до крајот Дембеле постигна уште еден, со што го постави конечниот резултат 0:2.

Share

The post Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK