април 18, 2026

Денеска официјално беа пуштени во употреба реконструираните спортски терени, при што се обновени игралиштата за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и заштитна ограда.

Проектот претставува дел од пошироката стратегија за уредување и ревитализација на кејот на Вардар, со цел создавање функционален и модерен јавен простор достапен за сите генерации, информираа од Град Скопје.

Надлежните истакнаа дека вложувањата во спортската инфраструктура се директна инвестиција во здрави млади генерации и поквалитетен урбан живот.

Се потенцира и значењето на институционалната соработка, која овозможува реализација на проекти од значење за граѓаните, со најава дека ова е само почеток на нов циклус на развој на јавните простори во градот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK