април 18, 2026

Жичницата на Водно денеска не работи поради засилен ветер, информираа од ЈСП Скопје, апелирајќи граѓаните да ги прилагодат своите планови.
Според официјалното соопштение, јачината на ветерот во моментот ги надминува дозволените безбедносни граници за функционирање на жичницата, поради што е донесена одлука таа привремено да биде надвор од употреба.

Од претпријатието нагласуваат дека безбедноста на патниците е приоритет, па ваквите мерки се преземаат секогаш кога временските услови не дозволуваат сигурно одвивање на превозот.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и најавуваат дека жичницата повторно ќе биде пуштена во функција веднаш штом временските услови се стабилизираат и овозможат безбедно работење.

Ова не е првпат жичницата на Водно да биде привремено затворена поради силен ветер, со оглед дека ваквите временски услови се чест фактор кој влијае врз нејзиното функционирање, особено во пролетниот период.
Граѓаните кои планираа денес да го посетат Водно ќе мора да користат алтернативни начини за пристап, додека не се создадат услови за нормално функционирање на жичницата.

Share

The post Силен ветер го запре превозот: Жичницата на Водно привремено затворена appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK