септември 21, 2024

Разговорот на главниот судија на натпреварот и неговиот помошник во ВАР собата ќе остане приватен, но судијата ќе има микрофон за да ја објасни конечната одлука во јавноста.

Телото одговорно за донесување на фудбалските правила (IFAB) објави дека судиите во иднина ќе ги објаснуваат одлуките на ВАР како на публиката на стадионите, така и на оние пред телевизиските екрани и тоа на пробен рок од 12 месеци, почнувајќи од Светското клупско првенство кое ќе се игра од 1 до 11 февруари во Мароко.

Иако ВАР веќе неколку години е во употреба, а се користеше и на последните две светски првенства, се уште се повлекуваат контроверзи околу некои одлуки. Разговорот на главниот судија на натпреварот и неговиот помошник во ВАР собата ќе остане приватен, но судијата ќе има микрофон за да ја објасни конечната одлука во јавноста.

„Сметаме дека тоа е важен чекор кон транспарентноста, а исто така и публиката на трибините ќе добие повеќе информации“, објавија од ИФАБ.

Меѓутоа, на истиот состанок на ИФАБ не успеал да се договори околу воведувањето на привремените замени на играчи во случај на повреда на главата. За тоа лобирале синдикатот на играчите ФИФПРО, англиската, француската и американската лига. Моментално важи правилото според кое, во случај на повреда на главата, може да се направи една додатна измена и тоа е правило се уште е во пробна фаза, а неговата примена е продолжена на неодредено време.

Тема на состанокот беше и траењето на натпреварите. Одлучено е дека сепак нема да се воведува часовник со кој би се мерело времето изгубено во ситуациите кога некоја екипа одолговлекува и на тон начин го чува позитивниот резултат туку позитивно е оценет пристапот на судиите во таа проблематика кој е виден неодамна на Светското првенство во Катар кога судиските надополнуања беа значително поголеми отколку што тоа беше случај досега.

TRT Balkan Macedonia / агенции

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK