септември 21, 2024

Филмското бегство на затвореникот Беким Мемети од затворот Идризовo доведе до суспензија на 4 полицајци, меѓу кои и командирот Срѓан Димитријевски и директорот на Управата за извршување на санкции Маријан Спасовски. Министерот за правда Никола Тупанчевски најави дека отпуштањата нема да завршат тука, туку на оваа листа може да се најде и директорот на затворот Идрозово. Тој во писмена изјава за Алсат вели дека не очекува да добие отказ, и се надева дека бегалецот ќе биде фатен што поскоро.

„Ја уверувам јавноста дека ќе се расветлат сите околности за бегството на затвореникот и по констатирање на евентуална одговорност на службите под директна надлежност на Затворот Идризово ќе бидат преземени соодветни мерки. Надлежните институции постапуваат брзо и се надеваме дека бегалецот нема да успее во својата цел да избегне издржување затворска казна. Што се однесува до изјавата на министерот Тупанчевски, јас лично не се гледам себеси во неговата изјава“, рече Шпенд Таири, директор на Затвор Идризово.

Иако извори на Алсат велат дека партнерот на владината коалиција, поточно Алтернатива, не се согласува со разрешување на директорот на Идризово од редовите на оваа партија, Шпенд Таири, првиот човек на Правда вчера преку изјава не ја отфрли неговата смена од функцијата.

Но, тоа не значи дека треба да застане тука со смените , само треба да се дознае кој е вклучен во целата оваа работа, макар и формално, можеби немале директно влијание или директни овластувања во овој случај, но дефинитивно понекогаш треба да се преземе одговорност и за формалниот аспект. Не е исклучено и разрешување на директорот на Идризово“.

Додека трае истрагата, а осомничените остануваат во притвор. Владата вчера го именуваше новиот директор на Управата за изврпување на санкции, Јовица Стојановиќ.

The post Директорот на Идризово: Ќе го фатиме избеганиот Беким Мемети appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK