септември 21, 2024

Дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, синоќа бил претепан од три лица, а нападот бил извршен синоќа околу 21 часот пред угостителски објект во центарот на градот.

Оваа информација за „А1он“ ја потврдија од СВР Охрид.

На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, рекоа од СВР Охрид.

Агенцијата БГНЕС објави дека 21-годишниот Бугарин од градот Охрид Христијан Пендиков има повеќе испукани пршлени, ребра и скршена вилица, а објави и фотографија од нападното лице.

The post Тројца напаѓачи го претепале секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK