септември 21, 2024

„Делегациите се договорија за продолжување на консултациите. Следниот состанок треба да се одржи во Анкара пролетва, 2023 година“

Делегациите на турското Министерство за национална одбрана и Министерството за одбрана на САД го завршија вториот круг консултации за борбените авиони Ф-35 во Вашингтон, соопшти турската страна.

„Делегациите се договорија за продолжување на консултациите. Следниот состанок треба да се одржи во Анкара пролетва, 2023 година“, се вели во соопштението на Министерството.

Делегациите првиот круг разговори го одржаа во Анкара во 2021 година. Во 2019 година, САД ја суспендираа Туркије од програмата за борбените авиони Ф-35, откако се спротивставија на купувањето на рускиот систем за противракетна одбрана С-400 од страна на Туркије, тврдејќи дека рускиот систем ќе ги загрози борбените авиони.

Туркије постојано повторуваше дека нема такво загрозување и предложи формирање комисија која ќе го проучи ова прашање. Туркије, исто така, рече дека ги има исполнето своите обврски за Ф-35 и дека нејзиното суспендирање е спротивно на регулативите.

TRT Balkan

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK