Огромна трагедија се случи вчера во Нови Пазар кога надојдената река Трнавица однесе два животи
Во Нови Пазар пронајдено тело на маж кој поројот го однел
Телото на еден од двајцата исчезнати во Нови Пазар е пронајдено неколку километри низводно кон Рашка.
Несреќниот маж го пронашле припадници на спасувачките служби, додека по второто лице се уште се трага, јавува Нова.рс.
Три лица вчера паднале во реката Трнавица во Нови Пазар. Спасувачите извлекле едно лице од реката, додека по две се трага.
Соседот, пензионер од Швајцарија, прв паднал во водата и почнал да се дави, а постар сограѓанин скокнал да му помогне. Потоа по него скокнал неговиот 32-годишен син, кој подоцна бил извлечен од водата.
Следете не, не има насекаде