септември 21, 2024

Откако во неделата во Ријад го победија Реал Мадрид со 3-1 и го освоија првиот трофеј сезонава, фудбалерите на Барселона немаа многу време за одмор по враќањето во Каталонија, бидејќи ги чекаше уште едно гостување, овој пат на северот на Африка во рамки на осминафиналето на Купот на Шпанија.

Противник на Барселона беше третолигашот Сеута од истоимениот град на северот на Африка. Сеута е „автономен шпански град“, со површина од 18.5 километри и нешто повеќе од 85.000 жители, кој политички ѝ припаѓа на Шпанија, а географски е на територијата на Мароко.

Барселона на пат тргна ден пред натпреварот. Бидејќи Сеута нема аеродром кој може да прими големи авиони, каталонскиот клуб прво со авион пристигна во Малага, а потоа преку Гибралтарскиот теснец прелета со хеликоптери. Делегацијата на Барселона беше распоредена во три хеликоптери од марката „Аугуста Вестланд 139“ од кои секој чини 12 милиони евра и има капацитет за 15 патници.

Доаѓањето на шпанскиот фудбалски гигант беше голем празник за жителите на Сеута, а на хелиодромот фудбалерите на Барселона беа пречекани од стотици навивачи и покрај силното обезбÐ �дување.

Натпреварот на резултатски план не донесе изненадување и Барселона со убедливи 5-0 обезбеди пласман во четвртфиналето, со головите на Рафиња (41 минута), Роберт Левандовски (50, 90), Ансу Фати (71) и Франк Кеси (77).

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Реал Мадрид, триумфирајќи на гостински терен над Виљареал со 3-2. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK