Фудбалерите на Рома ја победија Парма на гостински терен со 3:2 (1:0) во натпреварот од 36-то коло на италијанската Серија А.
Домашниот тим на „Енио Тардини“, играше релаксирано, бидејќи обезбеди опстанок, за разлика од „волчицата“ која се бори за Лигата на шампионите.
Иако Римјаните поведоа во 22-та минута со голот на Донијел Мален, Рома си дозволи вистинска драма во финишот на натпреварот.
На самиот почеток од второто полувреме, Стрефеца го израмни резултатот, по што Парма успешно се бранеше нападите на противникот.
А потоа, во 87-та минута, Мандела Кеита, на својот 24-ти роденден, постигна гол за пресврт и водство на Парма.
Тука не беше крајот, неочекуван херој се појави во редовите на Рома. Десниот бек, Ренш, кој влезе на теренот во последните 15 минути, во 94-та минута, постигна убав гол од рабпт на шеснаесетникот, а три минути подцна избори пенал. Сигурен реализатор беше Мален.
Холанѓанецот, кој во јануари, дојде на позајмица од Астон Вила, го постигна својот 13-ти гол. Ниту еден играч, што пристигнал во Серија А на полу сезоната, не бил толку ефикасен како Мален.
Foto/ EPA
The post (Видео) Рома губеше до 94-та минута па победи во Парма appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
