Македонската компанија БРАКО и брендот Green Machines деновиве се претставуваат на еден од најголемите светски саеми за еколошки технологии и урбана инфраструктура – IFAT Munich во Минхен.
На престижниот меѓународен настан, кој важи за водечки глобален саем за технологии за животна средина, комунална опрема и одржливи урбани решенија, македонските возила за одржување на урбана хигиена предизвикаа значително внимание кај посетителите и партнерите од индустријата.
Возилата на Green Machines, кои се произведуваат во фабриките на БРАКО во Велес, беа презентирани рамо до рамо со производители од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, САД и други светски компании од оваа индустрија.
Од Green Machines велат дека светскиот пазар сè повеќе бара разновидни еколошки решенија, па затоа компанијата нуди возила со електричен, дизел и водороден погон, прилагодени за современите потреби на градовите.
Компанијата е еден од најуспешните македонски индустриски извозници, а дури 98 проценти од производството се пласира на странски пазари во повеќе од 60 земји ширум светот.
Меѓу последните големи проекти е испораката на 52 возила за урбана хигиена во Ријад, што претставува една од најголемите поединечни испораки на компанијата во последниот период.
Green Machines Македонија дополнително го шири своето глобално присуство преку компании-ќерки во Обединето Кралство, Холандија и САД.
Настапот на IFAT Munich уште еднаш ја потврдува позицијата на македонската индустрија на светската мапа во областа на современите еколошки и комунални технологии.
The post Македонски „Грин Машинс“ – БРАКО блесна во Минхен: Возилата од Велес рамо до рамо со светските гиганти на саемот ИФАТ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
