мај 17, 2026

Две кола пред крајот на сезоната во втората лига на Шпанија, играчите на Расинг од Сантандер го обезбедија враќањето во елитната конкуренција на шпнскиот фудбал. Последен пат во елитата, клубот од „Ел Сардинеро“ стадионот, играше во 2012 година.

Расинг го победи Ваљадолид со 4:1 пред своите навивачи во саботата, но за конечен триумф и потврда за враќањето во Ла Лига 1 го чекаа исходот до дуелот меѓу Алмерија и Лас Палмас – и добија најдобра вест.

Алмерија беше поразена дома со 1:2.

Ова значи автоматски пласман на Расинг во Ла Лига, бидејќи е недостижен за Алмерија (седум бода повеќе), а во исто време е безбедна разлика од Депортиво од Ла Коруња, кој има натпревар помалку и е исто така седум бода оддалечен. Двата најдобро пласирани тима од втората лига ќе бидат пласирани во елитниот ранг.

Стрелци за Расинг во големата победа беа Виљабре, Андрес во два наврати и Сулејман.

Последен пат клубот од Сантандер играше на елитното ниво во сезоната 2011/2012, кога започна падот, првенствено финансиски, а тимот ги помина последните десет и пол години на третото ниво од натпреварувањето.

Share

The post (Видео) Расинг Сантандер се врати во Ла Лига appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK