септември 21, 2024

Заврши снимањето на филмот „Чудата во земјата на Алисите“ со актерска екипа од 17 актери од инклузивниот ансамбл „Трисомија 21 Скопје“.

Станува збор за краткометражен филм кој е прокет на Колектив Ветерница.

Филмот се снимал четири дена во Македонската Опера и Балет, а монтажата на филмот ќе ја работи „Троика студио Скопје“.

„Алиса“ е црно-бела визуелна наратива која влегува во еден надреален свет на ликови кои се во непрестан конфликт со сите околу нив, а најмногу со себе. Филмот патува од лик до лик, го трансформира својот протагонист од сцена во сцена, чувствено го раздразнува со тајфата хористи кои си поигруваат со Алисите, за на крај секој на свој начин да открие како да се ослободи од личното стаклено ѕвоно.

Фото: Јелена Белиќ

The post Актери од инклузивен ансамбл глумат во филмот „Чудата во земјата на Алисите“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK