Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека конфликтот во Украина се развива по нагорна траекторија, а во него расте вклученоста на Северноатлантската алијанса.
– ,,Засега гледаме дека конфликтот навистина се развива во нагорна спирала. Го гледаме растечкото индиректно, а понекогаш и директно вклучување на земјите од НАТО во овој конфликт. Слушаме изјави кои укажуваат на апсолутна доминација на политичката волја и континуиран раст на овој ангажман” – рече Песков во одговор на прашањето дали може да се каже дека е помината уште една точка на ескалација на конфликтот.
Портпаролот на Кремљ порача дека, помошта од другите земји за Украина ја отежнува состојбата и дека Украина нема шанси на било каков успех на бојното поле.
Според Песков, снабдувањето со оружје е драматична грешка и Западот ќе зажали за тоа.
Следете не, не има насекаде