Една од најдобрите платформи за размена на пораки WhatsApp е казнета со 5,5 милиони евра поради дополнителни прекршувања на законите за приватност на Европската унија.
Мерката беше наметната од ирскиот комесар за приватност на податоците (DPC), кој делува како водечки регулатор за приватност во Европската унија за Мета.
DPC рече дека WhatsApp мора повторно да процени како ги користи личните податоци за да ги подобри своите услуги.
Одлуката следи по сличните наредби издадени овој месец за главните платформи на Мета, Фејсбук и Инстаграм, кои мора да ја преиспитаат правната основа за рекламирање преку употреба на лични податоци.
За потсетување, во септември 2021 година, DPC го казни WhatsApp со 225 милиони евра за кршење на приватноста.
Досега, ДПЦ ја казни и Мета со 1,3 милијарди евра.
Следете не, не има насекаде