мај 21, 2026

Селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман, го објави списокот на играчи на кои смета на Светското првенство во Канада, Мексико и САД ова лето, каде што „Панцерите“ ќе атакуваат на петтата титула.

Она што се претпоставуваше, претпладнево доби потврда, дека Мануел Нојер ја прекина репрезентативната пензија и ќе биде број 1 во националниот тим.

Списокот изгледа вака:

голмани: Мануел Нојер, Оливер Бауман и Александар Нибел;

одбранбени играчи и играчи од средниот ред: Валдемар Антон, Натаниел Браун, Паскал Грос, Џошуа Кимих, Феликс Нмеча, Александар Павловиќ, Давид Раум, Антонио Ридигер, Нико Шлотербак, Анџело Штилер, Џонатан Та и Малик Чоу

напаѓачи: Надием Амири, Максимилијан Баер, Леон Горецка, Каи Хаверц, Ленарт Карл, Џејми Левелинг, Џамал ​​Мусијала, Лерој Сане, Денис Ундав, Флоријан Вирц и Ник Волтемаде.

Германија е во групата Е, во која нејзини ривали се Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор. Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.

Share

The post Јулијан Нагелсман го објави спискот на Германија за СП appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK