Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека успешно е реализиран првиот ден од концертите на отворено во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, на кои младите музички таленти настапија на три различни локации низ градот.
Според објавата, прилепчани имаа можност да уживаат во музички настапи на отворено, а учениците уште еднаш покажале дека Прилеп располага со млади луѓе со исклучителен талент, креативност и љубов кон уметноста.

„Овој прекрасен настан донесе музика на отворено достапна за сите граѓани, создавајќи убава атмосфера, позитивна енергија и вистинско уживање во центарот на градот“, посочи Проданоски, нагласувајќи дека ваквите манифестации имаат големо значење за промоција на трудот, посветеноста и успесите на најмладите музичари.
Тој упати честитки до сите ученици и наставници за успешните настапи и одличната организација, потенцирајќи дека и во иднина ќе продолжи поддршката за културата, младите таленти и настаните кои го разубавуваат секојдневието во Прилеп.
The post Дејан Проданоски: Младите музички таленти го разубавија Прилеп со концерти на отворено appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
