Полека се спушта завеста на фудбалската сезона во Шпанија. Последното 38-мо коло го даде одговорот кои екипи ќе му се придружат на Овиедо во Втората лига. Тоа се Мајорка и Џирона.
Вечерва се одиграа девет од вкупно 10 натпревари од последното 38-мо коло. Утре сезоната ќе заврши сио дуелот меѓу Виљареал – Атлетико Мадрид.
Многу работи беа познарти уште пред последното коло.
Ново-стариот шампион е Барселона, втор е Реал Мадрид, утре Виљареал и Атлетико ќе решат кој ќе заврши на третото место, петти е Бетис. Овие пет клуба ќе ја претставуваат Шпанија следната сезона во Шампон лигата.
Шестата Селта ќе оди во Лига Европа, седмиот Хетафе во Лигата на Конференциите.
Останува да се види дали Рајо Ваљекано ќе направи подвиг и ќе ја освои Лигата на Конференциите против Кристал Палас во среда, што автоматски би му обезбедило учество во Лига Европа следната сезона.
Последното коло донесе вистинска драма во борбата за опстанок.
Клучниот натпревар се одигра во Каталонија, во Џирона, на стадионот „Монтеливи“, каде гостуваше Елче. Пред последното коло, Џирона беше прва под линијата, со два бода помалку од Елче и само победа им обезбедуваше опстанок.
Сепак, гостите поведоа со голот на Алваро Муњоз Родригез во 39-та минута.
Џирона успеа да израмни на самиот почеток од второто полувреме. Голот го постигна Арнау Мартинез.
Тома Лемар имаше одлична шанса за пресврт во 80-таа минута, но немаше среќа, ја погоди пречката.
Остана нерешено и Елче преживеа, додека Џирона, која пред две сезони играше во Лигата на шампионите заврши во Втората лига.
Мајорка го победи Овиедо (3:0), како што се очекуваше, но не и се поклопија другите резултати, па затоа и тие ќе се натпреваруваат во понизок ранг од следната сезона.
Барселона гостуваше во Валенсија и загуби со 3:1. Ханси Флик настапи со респектибилен тим, но и покрај водството со голот на Левандовски, Валенсија, чија мрежа одлично ја чуваше Столе Димитиревски направи пресврт со головите на хави Гера, Риоха и Гвидо Родригез.
Роберт Левандовски постигна гол за Барселона во прошталниот натпревар од сино-црвениот дрес.
Најмногу голови беа постигнати во неважниот натпревар во кој Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со 4:2 на „Бернабеу“.
Головите ги постигнаа Гонзало Гарсија во 12-та, Џуд Белингам во 41-та, Килијам Мбапе во 51-та и Брахим Дијаз во 90-та минута за Реал Мадрид, а Горка Гурузета во 46-та и Изета во 91-та минута за Атлетик Билбао.
Од дресот на Реал се прости Дани Карвахал, тој асистираше за првиот гол, додека на клупата на Атлетик последен пат седеше Ернесто Валверде.
The post (Видео) Мајорка и Џирона испаднаа од Ла Лига, Столе со Валенсија ја победи Барселона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
