Во Италија се шири страв по смртта на Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали и изјавите за супстанците кои се користат во италијанскиот фудбал.
Дино Баџо , поранешен играч на Јувентус, призна дека е исплашен затоа што не знае што содржат супстанциите што ги користел за време на неговата играчка кариера и се прашува дали овие супстанции можеби влијаеле на здравјето на фудбалерите откако ќе завршат со фудбалот.
Темата се прошири, за тоа проговори Романецот Флорин Радокаиу , кој настапуваше за неколку клубови во Италија, а Масимо Брамбати , поранешниот дефанзивец на Бари, Торино и Палермо.
Брамбати зборуваше за злоупотреба на супстанции во текот на неговата играчка кариера. Рече дека се обидел да привлече внимание на допингот, но дека брзо бил „замолчен“.
„И јас сум исплашен, но пред 20 години, кога зборував за моите сомнежи за допинг во олимпискиот тим, добив писмо од Италијанскиот фудбалски сојуз во кое отворено ми се закануваа. Во друштво на некои чии имиња нема да ги спомнувам, земав таблети Микорен како бомбони. Тогаш не беше забранет, но подоцна беше и тоа како забрането. Земав и Анемин, супстанца која не беше допинг, но чии ефекти ги чувствував. Не се чувствував уморен, отчукувањата на срцето ми беа побрзи и имав подобри рефлекси“, изјави Брамбати, пренесе „Ла Република“.
Рекол и дека се плаши за своето здравје.
„Имав 20 години и во тоа време ми рекоа дека ќе се претставам подобро на теренот, имаше дури и тренери кои се лутеа ако не се согласиш да го земеш тоа што ти го даваат. Денес кога ќе слушнам што се случува со играчи од мојата ера, се молам на Бога за здравје“, заклучи Италијанецот.
Следете не, не има насекаде