Државните институции мора заеднички да работат да го намалат обемот на корупција, да воведат закони и правила на однесување и санкции за коруптивно однесување, но и треба да ги спроведуваат и извршуваат овие мерки, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на Регионалната конференција за борба против корупцијата, што се одржува денеска во Скопје во рамки на соработката со Регионалната антикорупциска иницијатива и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Борбата против корупцијата, додаде тој, подразбира и градење негативна средина за сите коруптивни навики преку засилување на клучните системи за интегритет, јавните набавки и управување со јавни финансии, како и градење државни ревизорски институции и антикорупциски тела и партнерства со граѓанското општество, компаниите и слободните и независни медиуми.
Како што рече евроамбасадорот, убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата – граѓаните очекуваат резултати.
Денешната конференција, оцени тој, ја става корупцијата во поширок регионален контекст и покажува дека е заеднички предизвик што најдобро може да се решава преку соработка и размена на добри практики.
„ЕУ, заедно со земјите членки, ОН и другите меѓународни партнери, ќе ги поддржат нашите партнери од Западен Балкан во нивните напори за подобрување на демократијата и јавната доверба во институциите, и за да се направи еднакво поле за натпревар, конкурентност и еднакви можности за сите“, рече Гир.
Борбата против корупцијата и за промоција на владеење на правото е тешка, бидејќи вклучува отстранување на елити и воспоставени интереси кои што функционираат на ниво на криминал и корупција, но и се потпира на менување на навиките на луѓето, граѓанското општество и медиумите, подвлече тој.
„Сите истражувања укажуваат на уништувачкиот ефект на корупцијата врз образовните и работните можности и тоа се клучните фактори кои што ги бркаат младите од државата“, продолжи евроамбасадорот.
Корупцијата, посочи, е предизвик во секоја држава и напорите против корупцијата треба секогаш да се обновуваат и прилагодуваат на новите можности и предизвици со кои се соочуваат нашите општества, било тоа да се дигитализацијата, глобалната пандемија, енергетската криза или влијанието на руската војна против Украина.
Според ЕК, трошокот од корупцијата врз европската економија е 20 милијарди евра годишно и борбата против корупцијата, заедно со владеењето на правото, се клучните принципи на Унијата.
„Скорешните настани во срцето на ЕУ, во Европскиот парламент, покажаа многу сликовито со какви проблеми се соочуваме и ние во ЕУ. Одговорот на таквите ситуации се базира на ефикасноста и брзината на правосудниот систем да се справи со тие наводи и институциите да одговорат и ги решат сите слабости кои што овозможиле да се случи тоа“, изјави Гир.
Пристапниот процес за членство во ЕУ, според Гир, е огромна можност за земјава за предводење на промените во градење на поотворено и поотчетно општество.
„Сега е моментот да бидете најмногу ангажирани. Сега имате можност за промени и ние сме тука да ве поддржиме сите“, порача Гир до медиумите и граѓанското општество.
Извор: МИА