септември 22, 2024

Кристијано Роналдо не успева да најде готвач да работи во неговата вила во Португалија, иако нуди плата поголема од пет илјади долари.

Изградбата на вилата треба да заврши во јуни, а фудбалерот планира да се всели во неа со семејството по истекот на договорот што го потпиша со Ал Наср.

Португалскиот магазин Correio da Manha наведува дека проблемот е во барањата кои ги имаат Кристијано и неговата партнерка Георгина. Тие сакаат готвачот да биде мајстор во подготовката на традиционална португалска храна, но и интернационални јадења, вклучително и суши.

Фудбалерот наводно дизајнирал „специјална“ кујна за подготовка на јапонски специјалитети во споменатата вила. Тој е исклучително пребирлив кога е храната во прашање, па многумина не се осмелуваат да одговорат на огласот.

Потсетуваме дека Кристијано и неговото семејство моментално живеат во луксузен стан во Ријад, каде една ноќ чини неверојатни 3.700 евра.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK