Барса ја додели изградбата на новиот Камп Ноу на турска компанија која досега изгради само еден фудбалски стадион…
Барселона соопшти на која компанија и е доверена изградбата на новиот Камп Ноу. Работата ја доби компанијата Limak Construction.
Станува збор за компанија која е дел од турски конгломерат компании кои се занимаваат со градежништво, цемент, енергетика, туризам…
Целосната изградба на стадионот треба да започне во јуни, а Барселона ќе се пресели во Монжуик за целата наредна сезона и првиот дел од сезоната 2024/25.
Првата фаза е веќе започната. За време на Светското првенство во Катар беше урнат дел од третиот кат зад јужниот гол. Стадионот на Барселона сега има капацитет од 95.877.
Интересно е што турската компанија изгради само еден стадион – Мерсин Арена.
Стадионот е изграден во 2013 година во Мерсин, Турција, важно медитеранско пристаниште на југот на Турција, а има капацитет за 25.000 луѓе, 1000 ВИП места и 180 протоколарни седишта. Покрај тоа, има полициска станица, здравствен дом, ресторан и продавници.
Помеѓу двете трибини има катови со 4.812 метри квадратни деловен простор, ВИП простор, администрација на стадион, ресторан…
Стадионот бил место за отворање и затворање на Медитеранските игри во 2013 година.
Следете не, не има насекаде