септември 22, 2024

радоначалникот Тимчо Муцунски оствари работна средба со делегација од општината Исла, Малта предводена од Градоначалникот на оваа општина, Кливе Пулис.

„Ми беше чест да бидам домаќин на еден работен состанок за кој цврсто верувам дека е само почеток на меѓусебно пријателство и партнерски односи кои ќе резултираат со успешна реализација на заеднички проекти и активности меѓу двете општини“, истакна Муцунски во неговата фејсбук објава.

Меѓуопштинската соработка во меѓународни рамки е одлична можност за размена на искуства, пракса и мислења, но и за промоција на проектите и активностите на општина Аеродром во странство.

Тој додаде дека на средбата се разговарало за можностите и потенцијалот за меѓусебна соработка, особено во делот на образованието и културата, каде со средства од Европската Унија постои потенцијал да се реализираат проекти кои ќе бидат важни за Општина Аеродром, а посебно за учениците од основните училишта.

„Малта е земја во која живеат голем број Македонци и заеднички се согласивме дека е неопходно интензивно да работиме на прадлабочување на меѓусебната соработка во различни области“, заклучи Муцунски во неговата објава.

The post Работна средба на Муцунски со делегација од општината Исла во Малта appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK