септември 22, 2024

Турскиот глумец Бурак Озвџит, познат и како Бали Бег, со сопругата Фахрије Евџан од неодамна станаа родители по вторпат. Бурак со Фахрије позната и како Неџла беа видени со синот Керем како излегуваат од болница. Рекоа дека сè поминало во најдобар ред и дека и таа и бебето се добри.

„Многу личи на Каран. Среќен е што конечно ќе може да го види брат му“, им рече Фахрије на новинарите, а Бурак објасни дека не ја оставил ни за време на првото породување ниту пак сега.

„Не ја оставив сама при првото породување, а бев тука и за време на второто“, рече глумецот.

За потсетување парот од неодамна објави дека го чекаат второто дете иако подолг период се обидуваа да ја сокријат убавата вест. Тие веќе имаат еден син Каран, кој го добија во 2019 година.

 

The post Бали Бег и Неџла станаа родители по вторпат, го добија синот Керем appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK