септември 22, 2024

Инцидент се случил со возачот Бојан Богески Боки кој е и телохранител на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Синоќа биле запрени од полицијата со луксузно возило мерцедес при што било констатирано дека лицето немало важечка возачка дозвола и на лице место му е изречена парична казна.

Тој бил во алкохолизирана состојба.

Претходно тој бил со неколку членови на Левица во ресторана во Скопски Бисер.

Како што пренесува порталот Вечер.мк, телохранителот на Апасиев претходно е осудуван на условна казна за тешки телесни повреди и насилство.

Засега, нема никаков коментар од Левица и/или Апасиев, ниту од МВР. Од порталот најавуваат повеќе детали во текот на денот.

Извор: Вечер.мк

The post Телохранителот на Апасиев возел без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK