Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни, и да ја наметнеме нашата позитивна агенда која двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме. Нема да доволиме да бидеме жртва на киднапери на овој наратив којшто сакаме да го изградиме од двете страни, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија.
Османи, кој заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, уште еднаш го осуди нападот врз Пендиков.
Тој исто така упати и порака дека нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ.
The post Бујар Османи заедно со колегата Милков во болницата во Софија го посетија Христијан Пендиков appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде