септември 22, 2024

Минско поле

Скопје е прекриено со гомна!
Различни по боја, големина, состав и смрдеа…
Но, исти по опасноста која ја претставуваат за луѓето, останатите животни и животната средина!
Едвај се воздржав на секое од овие рачно изработени “едукативни опомени” да не напишам по некој епитет као “сељачиште, копук, копито, ропак, гомно” и слично… Си велам, можеби не знаат, па ај да не почињаме одма со лошо, да фатиме со арно…

Тотално несвесни, безмозочни, возрасни луѓе, шетаат миленици и без око да им трепне ги остваат овие купови зараза зад себе…

И овде, естетскиот криминал кој го прават е најмалата стапка, всушност!
Ова е сериозен криминал, зашто е директна закана за јавното здравје!!!
Овие шарени гомна содржат еден куп микроорганизми, преносители и причинители на разни болештини, опасни за сите!
Буквално за сите!!!

Кога е напишана последната казна за несобирање кучешки измет?! А?!
И така, свесни дека сме оставени сами на себе, во овие вртлози од беззаконие, башибозук и неодговорност, решивме во рамките на нашите можности нешто да направиме!

Доколку не се пријави некоја принтаџилница да ни изработи вакви мини таблички со опомена, ќе се збереме на една брзинска работилница, сами да изработиме некои 300 на број и фино лепо да ги означиме сите “мини”…
Можеби нема да ја смениме свеста на ниту еден неодговорен сопственик, но барем ќе спречиме луѓето да се уцапуваат у гомна и сè остало шо следи со тоа!

Поради стоката, нарушен ни е и угледот и раатот на нас одговорните сопственици…

НЕ БИДИ ЃУБРЕ, гомно едно!!!
Пишува Ирена Ристиќ

The post Ристиќ: Скопје е прекриено со гомна, различни по боја и големина !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK