По деветнаесетти пат на 25-ти јануари ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во спомен на пејачот, хуманист и крводарител, Тоше Проески.
Крводарителската акција ќе се реализира во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.
„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 300 единици крв“, информриаат од Цвениот крст.
Организатори на крводарителската акција се Црветниот крст на град Скопје и Република Северна Македонија, Општинска организација Центар во соработка со ИТМ.
The post Традиционалната крводарителска акција во чест на Тоше ќе се одржи деветнаесетти пат appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде