септември 22, 2024

Во кинескиот град Лиужоу со години се гради првиот шумски град во светот. Миланскиот архитект Стефано Боери работи на овој проект со својот тим, кој исто така развива зелени проекти низ светот со цел да го промени изгледот и перцепцијата на градскиот живот. Лиужоу е еден од градовите во светот кој е најмногу погоден од смогот, поради што е избран за овој проект.

Градот ќе биде целосно одржлив и ќе користи обновливи извори на енергија, а ќе се простира на неверојатни 432 хектари густа шума покрај реката Лиуџианг, во северниот дел на Лиужоу. Самиот град ќе има се што има еден модерен, урбан град, комерцијални зони, станбени области, рекреативни области, болница и две училишта. Ќе биде поврзан со Лиужоу со брза железничка линија.

Според Еуро њуз, планот е по завршувањето на изградбата во овој град да се населат околу 30.000 луѓе, а да има 40.000 видови дрвја и еден милион растенија кои заедно можат да апсорбираат дури 10.000 тони јаглерод диоксид. Идејата е да се помогне за подобрување на квалитетот на воздухот.

Бидејќи проектот се уште е во изградба, на официјалната веб-страница на архитектот се достапни само нацрти. Италијанскиот архитект веќе го изгради градскиот комплекс „Изихаус Хуанганг вертикал форест“, кој се простира на 4,54 хектари и вклучува две станбени и три комерцијални кули. Дом на повеќе од 1,2 милиони луѓе, Хуанганг се наоѓа во провинцијата Хубеи, околу 70 километри источно од Вухан.

„Жителите на станбените кули имаат можност да го искусат урбаниот простор од поинаква перспектива додека целосно уживаат во удобноста да бидат опкружени со природа. Дизајнот овозможува одличен поглед на фасадите опкружени со дрвја, подобрувајќи го сетилното искуство на зеленилото и интегрирајќи го растителниот пејсаж со архитектонската димензија“, изјави Стефано Боери. Растенијата биле избрани од автохтони, неинвазивни видови.

The post Во Кина се гради првиот шумски град во светот со 40.000 видови дрвја и еден милион растенија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK