Го цениме вниманието кое градоначалникот Орце Ѓорѓиевски континуирано ни го посветува како единствена опозиција во Советот на Општина Кисела Вода.
Во однос на оправдувањата на градоначалникот и неговите платени медиуми дека не го штити загадувачот УСЈЕ, решението е едноставно – неодложно поставување на мерна станицата до цементарницата.
Како што потврди Ѓорѓиевски, пари за поставување мерна станица се предвидени во општинската програма. Прашањето е: зошто една година се одложува поставувањето на мерна станица?
Секој изминат ден без поставена мерна станица до најголемиот загадувач во нашата општина е погубен за жителите на Кисела Вода.
Одговорноста е во ваши раце, градоначалнику Орце Ѓорѓиевски. Доколку сакате да докажете дека навистина се грижете за здравјето на нашите сограѓани, врвен приоритет ќе е поставување на мерната станица.
Уште денес. Секое пролонгирање ве става во заштита на загадувачот кој ја труе нашата општина.
The post Левица: Итно поставување мерна станица до загадувачот УСЈЕ наместо замајување на јавноста appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде