септември 22, 2024

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална фејсбук страна, информира дека сите предмети за легализација на безправно изградените објекти за кои има целосна документација во општината се решени.

-Во првата година од мандатот, решивме 2500 предмети за легализација.Воведовме нова динамика на решавање на предметите за легализација и со гордост можам да кажам дека сите предмети за кои во општината има целосна документација се завршени со донесено решение за легализација.Ги повикувам граѓаните кои сеуште имаат активни предмети во општината да дојдат во Секторот за урбанизам и да ги комплетираат своите предмети со потребните документи. Посебно сум среќен што по долги години чекање, изминатиот период успеавме на многу семејства да им го решиме правниот статус на објектите во кои живеат.Општината е отворена за граѓаните, бидејќи општината е дом на граѓаните, напиша Стефковски на Фејсбук.

The post Стефковски: Сите комплетни предмети за легализација ги решивме appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK