септември 22, 2024

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сеуште е во градба.

Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани тарабите и истите ќе останат се до завршување на финалните работи на објектот, кои наскоро ќе бидат готови. Одлуката кругот на црквата да остане ограден е пред сѐ поради безбедносни причини со оглед на фактот дека над камбанаријата сѐ уште се извишува кран.

Општина Центар ќе ги извести граѓаните и јавноста за сите следни чекори кои во иднина ќе предат преземени во однос на ова прашање.

 

The post Герасимовски- Г.Г. Стефан: Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија ќе остане оградена поради безбедносни причини appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK