септември 22, 2024

Без струја денеска ќе останат делови од општините Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров, а без вода корисниците од Визбегово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, според информации од „ЕВН Македонија” и ЈП „Водовод и канализација”.

– Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Џумајска” во општина Карпош во период од 10 до 14 часот. Во период од девет до 11 часот, населеното место Трубарево, улиците „1″, „2″ и „7″ и улицата „Вера Јоцич” околу црквата „Свети Ѓорги Победоносец” во општина Гази Баба. Од девет до 14 часот, дел од „Александар Македонски” од број 30 до број 49 во општина Ѓорче Петров, се појаснува во соопштението.

Како што се наведува, поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, без водоснабдување од девет часот ќе бидат корисници од општина Бутел.

– Поради водоводен приклучок ф-300 мм на улицата „2″, Визбегово – Њу Стар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од овој дел на општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување со работните активности, се додава во соопштението.

The post Без струја дел од општините Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров, а без вода корисниците од Визбегово appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK