септември 22, 2024

Поп пејачката Шакира не престанува да ги полни насловните страници на сите медиуми во светот, а истото се случува и на интернет порталите.

Таа со месеци е топ тема насекаде, особено откако пред една недела ја издаде и својата најнова песна посветена на својот поранешен сопруг кој го фати како ја изневерува.

Таа без влакна на јазикот го испровоцира во новата песна, па стана планетарен хит.
Таа упати и провокација до поранешната свекрва која живее до неа поставувајќи и вештерка на балконот да гледа право кон нејзината вила.
Инаку круна на нивната љубов во минатото која траеше 12 години беа нивните две деца Милан и Саша над кои старателство доби пејачката.

Многумина од секогаш ги интересирало зошто децата на Шакира носат православни имиња иако се католици.
Кога таа во 2014 година му го даде првото име на синот Милан многумина се изненадија, но кога го роди Саша веќе се беше јасно дека има некаква позадина давањето на такви имиња.
На Интернет инаку во минатото на големо се пишуваше дека нејзиниот татко Вилијам Мебарак Чадид кој е роден како католик во Либан, а истиот е потомок на некој православен Македонец.

Во медиумите кружат и информации дека таа е фасцинирана од словенската митологија и тоа дека е главната причина зошто им ги дала тие имиња на своите два сина.
Сепак едно е сигурно, нејзините предци колку и да не сака вмешале прсти во нејзините гени, па можеби и затоа се вљубила во словенската митодологија и корените од каде потекнува нејзиниот татко.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK