септември 22, 2024

Моделот Џереми Руелман почина на 27 години. Тажната вест ја сподели неговиот пријател модниот дизајнер Кристиан Сириано, а засега причината за смртта не е позната.

„Тешко ми е затоа што изгубив голем пријател. Џереми беше најубавиот маж кого го познавав. Имаше љубов за сите кои ги познаваше. Почивај во мир. Сите те сакаме. Јас им испраќам љубов до сите во неговото семејство и пријатели“, рече Сириано.

Џереми последен пат позираше за снимањето на брендот „Томи Хилфигер“. Роден е во Њу Џерси, а студирал психологија се до пред 2017 година кога почнал да се занимава со манекенство. Позирал за познати брендови како Џон Варватос, Џозеф Абауд, Супердрај, Мејси, Зара, Ник Греам и Ателје Силиан.

Голем број пријатели се простија од него на социјалните мрежи.

The post Почина моделот Џереми Руелман – Reporter.mk appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK