септември 22, 2024

Ако сте гладни и не знаете што да зготвите, можете да направите овие пилешки ролнички со сирење.

Состојки:
четири шницли од пилешко бело месо
100 гр моцарела
100 гр спанаќ
главица кромид
две чешниња лук
пет лажици рендан пармезан
100 гр презла
60 гр путер
маслиново масло
сол, бибер

Подготовка:
На масло продинстајте го ситно сечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете лук и спанаќ. На крајот од динстањето зачинете со сол и бибер и оставете да се излади.
Измешајте ги моцарелата и пармезанот и со оваа смеса наполнете ги пилешките шницли.
Секоја од нив завиткајте ја, зацврстете со чепкалки за да не истече филот, па завиткајте во презла и наредете во огноотпорен сад. На секоја ролничка ставете парче путер. Печете околу половина час во рерна загреана на 180 степени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK