октомври 5, 2024

Уметниците масовно откажуваат настани, но промената на бравите и клучевите во канцелариите на Младинскиот културен центар е главен приоритет за новиот В.Д. директор Никола Алексов. Самошто ја презема функцијата, Алексов решил дека само тој и никој друг нема да отклучува и заклучува дел од просториите во МКЦ. На новиот директор инаку, дипломиран детектив, безбедноста му е многу важна, па тој се интересирал и како функционира обезбедувањето на објектот. Вработените велат дека уште на првиот ден како директор минатата недела, тој веднаш донел ревизори и инспектори да ги „чешлаат“ финансиите на јавната установа.

Во меѓувреме, културата паѓа на последно место. Сите активности како театарски претстави, концерти, прикажување филмови, поетски читања и слично се откажани на неодредено време. Организаторите на овие настани самите се повлекле и ги откажале веќе закажаните термини. Денеска нема да се игра најавената театарска претстава „Кенди“, а под знак прашалник е и одржувањето на 11-то издание на музичкиот фестивал „Земјотрес“ на 4-ти февруари.
Пишува Алфа

The post Театарските престави откажани, новиот директор кој дипломиран детектив им ги променал сите брави. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK