септември 22, 2024

За да бидеш човек не треба многу. Суштината на големината на еден човек ја прават малите нешта- на пример една топла насмевка и еден мал топол поздрав на некого можат да му значат многу и да сменат многу работи во опшеството.

Кога староста ќе натежне а нозете не одат толку брзо за да ја преминете улицата а сте во строг центар е навистина тешко.
Нашиот репортер вчера во Охрид околу 15.30 часот кај Поштана ( како што охриѓани си го викаме тој потег) забележа гест кој е за пофалба и поздравување.
Додека старица се обидуваше да ја помине улицата и бавно чекореше, од полициското возило излезе полицаецот ѝ ја фати под рака и најгрижливо ѝ помогна да ја премине сообраќајницата. Големо браво за него. Кој е полицаецот не знаеме? Но важен е реткиот и хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето и особено кон лицата задолжени за спроведување на редот и мирот.

Фото:Публицитет.мк

The post Многу малку треба за да бидеш човек: Полициски службеник од Охрид и помага на стара бабичка да ја премине улицата !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK