септември 22, 2024

Многу љубители на палачинки сакаат да ги пробаат нивните различни верзии, а можеби ќе бидат воодушевени од палачинките зебра. Овие палачинки веднаш освојуваат со својот шарен изглед, а секако ќе бидат одлична забава и за децата.

Состојки:
3 јајца
75 грама шеќер (3 лажици)
1 ванилин шеќер
прстофат сол
500 мл млеко
200 гр брашно
50 гр пченкарен скроб
1/2 кесичка прашок за пециво
30 гр стопен маргарин или 3 лажици масло
1 лажица какао

Подготовка:
Јајцата се матат пенесто, па се додаваат млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер и другите состојки освен какаото и се убаво се меша. Одделете еден мал дел од смесата во посебен сад и додадете го какаото.
Чоколадната смеса истурете ја во шише со отвор на капачето.
Во загреано тавче смесата со какао истурете ја со кружни движења во форма на спирала. Веднаш потоа прелијте со белата смеса за палачинки.
Вообичаено испечете ја палачинката. Повторете ја постапката со целата смеса.
Намачкајте фил по желба врз палачинките и уживајте.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK